“Јас го повлеков орозот и пукав”!
Американскиот потпретседател Дик Чејни презеде одговорност врз себе за случајното ранување на пријателот за време на заедничкиот лов во саботата, нарекувајќи го инцидентот како “најлош ден во својот живот”. “Не можете да обвините никој друг освен себе. Јас сум тој што го повлече орозот и пукаше во пријателот”, изјави Чејни за Телевизијата Фокс. Тој додаде дека пиел пиво за време на ручекот тој ден, но и дека никој не пиел кога се вратиле да ловат неколку часа подоцна. Чејни, минатата сабота со сачмарка го рани 78-годишниот адвокат Хари Витингтон за време на лов на еден рач во Тексас, но за инцидентот беше објавено по еден ден од страна на локалниот весник. Во интервјуто за медиумот, Чејни додаде дека се уште смета оти бил во право со одлуката за одложување на известувањето до јавноста за ранувањето на Витингтон, бидејќи сакал да биде сигурен дека точно ќе биде прикажан случајот. (МИА)