Поголем број жени користат кармин и тоа им станува навика. Во припцип бојата на карминот се избира во зависност од тоа како ви стои и во какво расположение сте.
Меѓутоа, дали знаете дека одредена боја на кармин праќа и одредена порака за вашата околина?
Боја на корал: со ваквиот избор на кармин ја известувате околината дека сте весела и отворена личност и со тоа позитивно делувате на околината. Бидејќи нема многу жени, кои носат портокалова нијанса на кармин, со ваквиот избор препорачувате и дека сте смели, и дека сакате да привлечете внимание.


Неутрална: како и името на оваа нијанса на кармин, неутралниот кармин порачува дека не сакате да привлекувате многу внимание. Покрај тоа порачувате дека сте мирољубиви и дека имате смисла за дипломатија, и дека сте воздржани и софистицирани.


Црвена: боја најпривлечна за младите мажи, таа сугерира моќ, било да станува збор за кревет или за деловен состанок. Силна и впечатлива боја која дефинитивно привлекува внимание.


Виолетова: ако сте помислиле дека црвената боја изразува сексуалност, се прелажавте – тоа е виолетовата. Во една анкета, во која учествувале пет илјади испитаници, на прашањето која боја е најсензуална, многу се определиле за нијанси на виолетова.



Розова: оваа боја сигнализира желба за игра, забава и флерт. Некои нијанси на розово делуваат многу префинето и женствено.