x

Јасикевичиус главен фаворит за клупата на Фенер, но Барса ги „мати“ плановите

Шарунас Јасикевичиус, сегашниот тренер на Жалгирис, е најсериозен кандидат за да го замени Жељко Обрадовиќ на клупата на Фенербахче.

Обрадовиќ и Фенер се разделија пред два дена, и официјално клупата на Фенер остана испразнета после седум години „владеење“ на Србинот.

Јасикевичиус има најголеми шанси, но плановите ги „мати“ Барселона. Имено, според информациите, Литванецот чека „абер“ од Барселона кој што може да го смени Светислав Пешиќ, ако Барса не ја освои лигата. Затоа Јасикевичиус ќе почека со ангажманот.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата