x

Јарни за наводниот трансфер во Звезда: Не знам што зборува Петровиќ

Пред неколку денови некогашниот тренер на Црвена Звезда Љупко Петровиќ изјави дека после освојувањето на европската титула во Бари 1991 година, белградските „црвено-бели“ требало да се засилат со двајца хрватски играчи – Роберт Јарни и Давор Шукер. Според зборовите на Љупко, се било договорено (трансфер на Јарни од Хајдук и Шукер од Динамо), но трансферите не се оствариле затоа што почнала војната во Југославија.

Поради тие зборови на Петровиќ, постојано ми ѕвони телефонот. Ми се јавуваат пријатели, познаници, новинари и ме прашуваат за таа вест. Не можам да сфатам зошто Петровиќ го изјавил тоа кога тоа не е вистина. За мој трансфер во Звезда никој никогаш не зборувал, ниту ме прашал дали би играл таму“, изјави тогашниот лев бек на Хајдук.

А работата да биде почудна, не знам на кого Звезда му дала капар за моите услуги. Навистина немам поим за што зборува“, додаде Јарни за „Слободна далмација“.

„Шукер и Јарни веќе беа играчи на Звезда во 1991 година“!

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата