Јапонците ќе ја реанимираат рентген апаратурата
Со донација од јапонската Влада ќе се обнови речиси целокупната рентген-апаратура низ здравствените домови во земјава. Овој нов проект за помош на македонското здравство е веќе ”комплетиран”, а дефинитивната листа на опремата ќе биде верификувана во ноември.
Во текот на наредната година ќе се работи на ападаптација на просторот, а монтирањето на рентген-апаратурата е зацртано за 2007 година. Вредноста и на овој нов грант од Токио е исклучително голема и со него оваа пријателска далекуисточна земја, која е најголем донатор на македонското здравство (Градска болница, Битола, Штип, Клинички центар…) ја продолжува определбата да помогне во техничкото зајакнување на јавниот медицински сектор. Јапонската делегација во текот на август го финишираше снимањето на “теренот” и преговорите со претставниците на Министерството за здравство и на Фондот за здравствено осигурување. (Р.Н.)