x

ЈАПОНЦИТЕ ПРАШУВААТ: Кој ќе ги плати трошоците поради одложувањето на ЛОИ во Токио?

Првиот човек на Организацискиот комитет на ЛОИ во Токио, Јоширо Мори, им порача на меѓународните федерации дека не би било лесно да се утврди кој ќе ги сноси трошоците за одложувањето на најголемиот спортски настан за следната година.

Меѓународниот олимписки комитет и Владата на Јапонија се согласија претходно оваа недела Игрите да не се одржат од 24 јули до 9 август поради пандемијата на коронавирус. Ова доведе до барање нов термин за организација на Игрите, следната пролет или лето.

Јапонија досега инвестираше 12 милиони долари во настанот, а претседателот на Меѓународниот олимписки комитет, Томас Бах, посочи дека сумата ќе биде дополнително зголемена.

„Дополнителни трошоци ќе излезат од ова доцнење. Тоа е неизбежно”, пишува Мори во писмото испратено до меѓународните федерации во 33 спортови кои се наоѓаат во програмата на Олимписките игри.

„Одлуката за тоа кој ќе ги сноси трошоците и како тоа ќе се направи ќе биде голем предизвик“.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата