x

Јапонците не се сигурни дали ЛОИ во Токио ќе се одржат и следната година!?

Пандемијата на коронавирусот во светски рамки продолжува да расте и нема гаранција дека Олимпијадата во Токио, која се одложи за следната година, ќе се одржи и во новиот тремир во 2021 година. Ова го изјави Извршниот директор на Организацискиот комитет на Игрите во јапонската престочнина, Тоширо Муто.

„Мислам дека не постои човек кој може да предвиди дали ситуацијата ќе биде под контрола следниот јули или не. Сигурно не сме во состојба да дадеме точен одговор“, рече Тоширо Муто на прес-конференција денеска.

„Она што зависи од нас е да се подготвиме добро за Игрите, и тоа ќе го сториме. Искрено се надеваме дека човештвото ќе ја надмине кризата со коронавирусот следната година“, дополнил тој.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата