Јапонскиот пензиски фонд во вториот квартал забележа загуба од 52 милијарди долари поради падот на цените на акциите и растот на вредноста на јенот, соопшти тој фонд.

Со тоа се избришани сите приходи остварени по промената на стратегијата на фондот која се огледуваше во зголемување на акциите, а намалување на обврзниците во портфељот.

Јапонскиот владин пензиски инвестициски фонд (GPIF) во три месеци заклучно со 30 јуни изгуби 3,9 отсто или 5,2 илјади милијарди јени (52 милијарди долари) па имотот му е намален на 129,7 илјади милијарди.