Кандидатот на ДУИ за градоначалник на Општина Пласница објави победа на денешните избори. Според податоците на Државната изборна комисија, на изборите во Општина Пласница гласале 4 954 избирачи. Јаоски добил 1 696 гласови, а неговиот противкандидат Рамазан Шерифовски 231. Јаоски најави дека ќе биде градоначалник на сите и оти функцијата ќе ја извршува чесно.

– Во претстојните десет месеци ќе ја продолжам реализацијата на проектите во општината во која е направено многу, а јас тоа ќе го продолжам, изјави Јаоски. Меѓу приоритеите, како што рече, ќе му бидат инфраструктурата и вработувањето на граѓаните. Претходно честитки за победата на Јаоски преку Фејсбук упати лидерот на ДУИ Али Ахмети.