x

Јан Облак е најдобриот голман во 21 век, Нојер и Буфон зад Словенецот!

Јан Облак, голманот на Атлетико Мадрид и репрезентацијата на Словенија, според Трансфермаркт, е најдобриот голман во светот во 21 век, поточно од 2000 до 2020 година. Облак има најдобар учинок на одиграни натпревари на кои не примил гол. Имено Словенецот на 137 официјални мечеви не примил гол од вкупно 252 на кои што бранел. Во проценти тоа е 54%. На второ место е Мануел Нојер, чуварот на мрежата на Баерн Минхен и германската репрезентација со 47%, додека трет е Џанлуџи Буфон со 46%. Потоа следуваат Карло Кудичини (44%), Едвин ван дер Сар (44%), Виктор Валдес (44%), Петр Чех (44%), Дида (43%), Тибо Куртоа (43%), Сантиаго Кањизарес (41%)…

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата