Огромна почит и бладорност кон медицинскиот персонал – лекарите, медицинските сестри, болничарите – тоа се хероите на нашето време. Без нив – борбата со коронавирусот ќе беше веќе загубена. Тоа се луѓе кои својот живот го ставаат во ризик за да го спасат нашиот.

Но, има и многу други на кои треба да им оддадеме почит и благодарност бидејќи со нивната работа ни помагаат полесно да го поминеме овој тежок период за сите.

1-Медицинскиот персонал,
2-Полицајците,
3-Војниците,
4-Пожарникарите,
5-Фармацевтите,
6-Вработените во институциите за заштита и спасување и управување со кризи,
7-Вработените во маркетите,
8-Вработените во пекарниците,
9-Вработените во рестораните и останатите угостителски објекти.

Огромна благодарност до сите знајни и незнајни јунаци на денешното време – поклон до земја, да сте живи и здрави и Господ да Ве благослови.

Сите вие ризикувате многу. Да знаете дека има луѓе кои длабоко ја почитуваат вашата работа.

Фејсбук статус на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.