Пациент не беше примен на инфективната клиника во Охрид, а подоцна почина. Вчера се потврди дека осум медицински лица и двајца пациенти се позитивни на корона во заводот во Козле. И ова не е статус со кој сакам да префрлам вина или политички да поентирам. Овој статус треба да го сврти вниманието кон еден акутен проблем во Македонија – а, тоа е дека немаме систем.

Тргнете го на страна PR-от, прес-конференциите … овде се работи за животот на луѓето … Македонија губи животи … а, системот кризира. Додека короната зема замав, подмолно се провлекува уште една криза, тоа е сиромаштијата. Заев „кроејќи“ мерки сеуште нема одговор за потребите на народот, здравството се распаѓа, а ми се чини дека Македонија, најскапо од се до сега, ја плаќа неспособноста на Заев.

И на крајот знаат да речат „дојде живот“, јас ќе кажам „најдобро прашајте го Филипче“, напиша на Фејсбук генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.