Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев од протестот пред Влада под мотото „Оставка на Заев, слобода на народот!“ порача дека веќе неколку недели македонскиот народ е на улици во одбрана на Македонија од, како што кажа, неправдите и зулумите кои му ги прави криминалецот и патолошки лажго на власт Зоран Заев, кој наголемо ја распродава Македонија и македонските национални обележја.

„Човекот кој што ја има окупирано фунцијата премиер е докажан криминалец со судски постапки, аболициран, помилуван. Истиот тој човек распродава се, преговараат за Гоце, за државата, за се што е македонско. Ние, треба да се срамиме единствено од нив, од Заев, од Бучковски и тие околу него. Имаме двајца докажани криминалци, двајца осудени криминалци кои преговараат за се што е македонско, на кои што овде не им е местото“, истакна Јанушев.

Тој кажа дека правдата знае да биде бавна, но не и слепа и дека за сетоа ова зло што им го прават на Македонија и на македонскиот народ, ќе се најдат онаму каде што заслужуваат, пред лицето на правдата.

„Единствениот стандард кој што го воспоставие во овие неколку години нивно владеење е само крадење и лажење. Единствената вредност за која што знаат да зборуваат е како да прифатиме нечии други вредности, заборавајќи на нашите традиционални македонски вредности, за оние вредности кои што генерации и генерации се бореле“, рече тој.

Да, сакаме во Европа, сакаме во Европската унија, но европските вредности, вели Јанушев, се демократија, владеење на правото, борба со корупцијата, а за сите овие работи овие во Влада преставуваат антипод на тие вредности.

извор: Makfax