ВМРО-ДПМНЕ се враќа на голема врата, рече генералниот секретар на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, на прес-конференцијата одржана во седиштето на партијата по затворањето на гласачките места. Јанушев оцени дека во првиот дел од кампањата имало девијантни појави од власта кои ескалирале во вториот круг од претседателските избори.

Ќе победиме, додаде тој и најави наскоро поконкретни резултати од денешното гласање.