x

„Јане Сандански“ убедливо води во трката за најдобар ракометен храм

rakomet-vardar-sala

Вардаровиот дом се најде во конкуренција во изборот за најдобра ракометна арена во Европа во изборот на ЕХФ. Фановите имаат шанса овие денови да гласаат за омилената сала, засега на првото место со убедливо водство е токму СЦ „Јане Сандански“.

Над 1.500 вљубеници во ракометот го дадоа својот глас за салата во која настапува актуелниот европски првак. СЦ „Јане Сандански“ има над 1.000 гласови повеќе од остантите.

За ласкавата титула се “борат“ единаесет арени, во кои играат машки и женски ракометни екипи: Јоан Кунс Германеску (ЧСМ Букурешт – Букурешт), Дворана Златорог (ХЦ Целје – Целје), Легионов (ХЦ Келце – Келце), Лес Аренес (ХЦ Мец – Мец), Морача (ЖРК Будуќност – Подгорица), Ауди Арена (ХЦ Ѓер – Ѓер), Вундерино Арена (ХЦ Кил – Кил), Веспрем Арена (ХЦ Веспрем – Веспрем), уште тука се Ласло Пап арената во Будимпешта и Ланксес Арената во Келн.

„Македонците сакаат ракомет и тие ги поддржуваат своите екипи до крајот на земјата. Арените во Битола и арената „Борис Трајковски“ во Скопје, домот на репрезентацијата и претходно Металург, се традиционални тврдини, но со инвестицијата во „Јане Садански“, атмосферата искачи нови височини.

Машките и женските екипи на Вардар имаа нов дом – а навивачите создадоа неверојатна атмосфера. „Не можете да разберете ниту еден збор на тренерот“, е честиот коментар на гостинските тимови за атмосферата во СЦ „Јане Сандански“.

Доколку сакате Арената на Вардар да остане на првото место, гласајте на следниот ЛИНК. 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата