x

„Јане Сандански“ нема да грми ама нема ниту да зјае празен

jane-sandanski

Спортот полека се враќа во нормала. Иако до денеска мислевме дека салите ќе останат празни, сепак на владина седница беше прифатен предлогот за олабавување на мерките кога станува збор за публиката на трибините.

Најголема добивка од новата мерка имаат фудбалерите, мечевите ги играат на отворен простор, па капацитетите на стадионите ќе бидат исполнети половично со тоа што ќе треба да бидат запазени сите препораки на Владата, во спротивно ќе се соочат со казни. Засега нема информации дали ПМФЛ-лигата, како и останатите натпреварувања од овој викенд ќе бидат отворени за фановите.

Една од најважните информации е дека ракометот, еден од најпосетуваните спортови ќе блесне во вистинско светло. Вардар во второто коло е домаќин на Елверум во СЦ “Јане Сандански“. „Волканот“ нема да грми, но нема ниту да зјае празен.

Добро е познато дека фановите на македонскиот тим се број еден во Европа. Европската куќа на ракометот до сега напиша бројни статии за атмосферата која валдее на трибините, подобро 1.000 гледачи отколку ниту еден.

Ова е добра вест и за Металург. Тимот од Автокоманда ќе игра второто квалификациско коло, исто во СЦ „Јане Сандански“ против швајцарски Криенс. Раководството на клубот треба да донесе одлука дали ќе пушти билети за оваа средба која се игра на 22. овој месец.

Сите клубови кои ќе се одлучат да пуштат влезници на своите натпревари ќе треба да исполнат голем број на задачи кои им ги даде Владата на нашата земја. Хигиената треба да биде на максимално ниво.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата