“Не ни паѓа на ум породилното боледување да го скусиме на три месеци. Сите препораки, сугестии, ставови од вторник ќе се најдат пред работната група која работи на новиот Закон за работни односи. Предлогот за тримесечно породилно го даде Сојузот на стопански комори, но ние како Министерство за труд и социјална политика не застанавме зад таа инцијатива”, изјави министерот Стевчо Јакимовски, нагласувајќи дека е отворена можноста породилното да остане како што е досега, па дури и да се “зголемува со повеќе модели за оптимално решение. На вчерашната тркалезна маса “Регулирање на мајчинството и родителските права” Јакимовски не го обелодени новото решние за креаторите на регулативата, но истакна дека за за ова прашање се разговара и со Светска банак и ММФ. Педијатрите и претставниците на лекарската фела, јасно ги нагласија ризиците и можните последици од евентуалниот рез во времетраењето на породилното не само за здравјето на детето и мајката, туку и за заедницата во целост. “Светската здравствена организација ќе ја одбележува под слоганот: “Направете секоја мајка и дете да бидат важни”, а кај нас се говори за скратување на продилното”, предупреди проф. д-р Љупчо Николовски, нагласувајќи дека при се поголема сиромаштија жената треба да избира меѓу мајчинстовото и егзистенцијата. Претседателот на Македонското лекарско друштво, д-р Јован Тофоски им препорача на закондавците да ја прочитаат книгата ””Автогеноцид” од проф. Демирџиев, посочувајќи на загрижувачакиот пад на бројот на новородени (за 10 години за 20 проценти) и на природниот прираст на населението. Против рез на породилното е и Министерството за здравство, а државниот секретар Ратка Куљан Зографска најави законски измени (шест месеци минум стаж), со кои ќе се спречат злоупотебите на породилното боледување, со кои се извлечени над пет милиона евра. “Ако тоа се направи ќе нема пари ни за подолги боледувања. “Од професионален аспект е прифатлив и моделот шест месеци платено (по основ на осигурување) и шест месеци на товар на рабодавецот”, објасни таа. Претставниците на синдикатот посочија дека во соседството и земјите на ЕУ јасна е тенденцијата за зголемување на родителското отсуство за новорденче, а во таа насока д-р Надица Јаневска, и укажа на значењето на доењето и на препораките од меѓународните конвенции.


Ристе НЕДАНОВСКИ