Јас не бев вчера на седница на Антикорупциската комисија, но веќе на следната седница се надевам дека ќе го имаме овој случај на дневен ред, затоа што е дел од нашите надлежности. Станува збор за самоволна постапка и злоупотреба на дискреционите права, изјави вчера експретседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Слаѓана Тасева, по повод потегот на министерот за економија, Стевчо Јакимовски, по повод признавањето на САД да ги отвори сите запечатени дуќани за немање фискални сметки. Во Законот за спречување на корупцијата јасно се дефинирани дискреционите права и никој не смее да ги искористува надвор од она што се вика законито однесување. Процедурата мора да се почитува и не може законите своеволно да се кршат. Бескрајното толерирање на ваквите постапки може да не претвори во спротивност на она за што сме формирани, рече Тасева. (В.Ц.)