Јадранската магистрала е прогласена за една од 20-те најопасни патишта во светот, пишува загрепски “Национал”, повикувајќи се на резултатите од истражувањето на американската Агенција за безбедност на меѓународните патишта. Најголемите забелешки на Јадранската магистрала се: бројните кривини, претесниот пат, недостигот на крајпатни паркинзи, банкини како и големиот метеж кој особено се создава во тетните месеци.

Освен Јадранската магистрала, опасни се и патиштата и во Велика Британија, Шпанија, Португалија, Турција и Грција.