Според истражувањето на италијански научници поради затоплувањето на климата и прегревањето на планетата постои опасност Јадранското Море да се претвори во мочуриште, објави грчкиот весник “Елефтеротипија”. Научниците нагласуваат дека досега животот во Јадранското Море го одржувале студени струи, кои во 2003 година исчезнале. Тие предупредуваат дека ако продолжи затоплувањето, флората и фауната на Јадранското Море ќе угине и морето ќе се претвори во солено блато без живот во него.

“Во областа на Јадранското Море нема веќе зима и температурите не се намалуваат, а во исто време температурата на сто метри под водата се зголемила за два степена, ветарот не го лади морето и планктонот исчезнува”, подвлекоа италијанските научници.