Тврдо сирење, зеленчук и цитрусно овошје, се продуктите кои би требало да се наоѓаат во вашето мени и режим на исхрана, доколку сакате да имате бели заби.

Повеќето „диети” за бели заби се фокусираат на избегнување на одредени намирници, вино, кафе… Секако, тоа би требало да го избегнувате, но подеднакво е важно во начинот на исхрана а вклучите и храна која помага во чистење на забите, вели стоматологот др. Ентони Зибуц.

Желбата за убави, бели заби, не е никаков феномен во модерната доба, нагласува стоматологот и додава дека „популарната култура, поточно Холивуд, можеби допринеле во тоа луѓето да бидат фасцинирани од совршените заби, но и дека луѓето и порано се грижеле за своите заби”.

Денес, во 21-от век постојат различни производи за избелување на забите, но стоматологот тврди дека тоа може да се постигне и по природен пат и дека на тој начин нема да се оштети глеѓта на забите.

Кога станува збор за избелување на забите на природен начин, стоматологот вели дека клучни моменти се џвакањето и производството на плунка.

Џвакањето на овошјето и зеленчукот, стоматологот ги споредува со миење на забите, бидејќи овие намирници ја чистат површината на забите додека џвакате. Јаболка, моркови, карфиол, боранија и целер се одличен избор за „миење” на забите. Тој тврди дека ефектно е и тврдото сирење, бидејќи ги отстранува дамките од храна кои остануваат во устата после оброкот, но го спречува и таложењето на забен камен.

Исто така, за бели заби е важно и производството на плунка – поголемиот „проток” на плунка ќе направи забите да бидат побели. Поради тоа цитрусното овошје е одличен избор – јадете грејпфрут, лимета, лимон и портокали. Јагодите се особено добри за забите, бидејќи содржат ензим кој го поттикнува лачењето на плунка.

Општо гледано, овошјето и зеленчукот се добри не само за избелување, туку и за здравјето на забите, бидејќи спречуваат да дојде до различни запаленија.