Неодамнешната посета на Карла дел Понте во Белград, освен по “удирањето по уши” на српските власти, ќе остане запаметена и по богатата трпеза која беше подготвена за неа и за нејзините соработници, но и по начинот на кој кркаа дивеч и други специјалитети, залевајќи ги со скапи вина. “Јадеа со прсти, како гладни години, како да не јаделе со денови”, ги пренесува своите впечатоци еден од присутните. “Со раце кршеа пар- чиња срнечко, зајачко, копани од фазани… Се туркаа околу масата и со мрсни раце ги фаќаа чашите полни со скапи вина – “дон перињон” и некои други. Немаа време ниту да поразговараат меѓу себе, туку со полни усти само меѓусебно задоволно се гледаа и се насладуваа..”. Соговорникот тврди дека трпезата била невообичаено раскошна и ги изненадила сите присутни. “Тоа што беше подготвено за делегацијата на Трибуналот во Палатата на федерацијата, верувајте ми, и Тито никогаш не го барал”, вели извор од Палатата. “Не знам со што заслужија таков третман, но досега таква трпеза никогаш не била подготвена. Тоа многу чини и баш ме интересира чија идеја бе- ше да се дадат толку пари за ручекот на Карла дел Понте. А за тоа како се однесуваа, сите бевме запрепастени. Сигурно не се однесуваат така во својата земја, но тоа што го видовме беше врв на некултура”, заклучува изворот.