Денешното рочиште за „Тортура“ почна без присуство на јавноста.

Триесет и пет прислушкувани разговори како дел од доказниот материјал ќе се пуштаат во судницата зад затворени врати бидејќи обвинителството тврди дека постои можност за повреда на човековите права и приватноста на сведоците и обвинетите.

На минатото рочиште беа пуштени 12 разговори направени на 6 јуни 2011 година, а поврзани со апсењето на Бошкоски. Разговорите беа помеѓу првообвинетиот во случајот, Сашо Мијалков, со Драган Павловиќ Латас, Емил Стојменов и Влатко Мијалков, како и разговорите помеѓу Орце Камчев и новинарката Оливера Трајковска.

Во случајот „Тортура“ обвинети се поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, и 6 припадници на единицата „Алфи“.

Виктор Јованов

извор: Makfax