x

Ѕинго, човекот кој од Силекс направи шампионски клуб!

ljubisav-ivanov-dzingo-41

Македонскиот фудбал е во тага. Како што веќе информиравме го нема веќе меѓу нас Љубисав Иванов – Ѕинго. Човекот кој беше голем вљубеник во фудбалот, беше голем фан на мак – фудбалот. Тој од ФК Силекс направи голем, шампионски клуб, а своето Кратово го постави на фудбалската мапа на Македонија како важен фудбалски центар.

Со својата самопрегорна работа, со своето финансирање во клубот, Ѕинго беше тој кој што имаше сила во средината на 90-тите години од минатиот век да му се спротистави на тогаш неприкосновениот Вардар. Заедно со своите соработници, од Силекс направи тим за респект. Шампион на Македонија во три наврати, освојувач на Купот на Македонија. Само поради Ѕинго еден Бриж дојде во Кратово и играше фудбал со Силекс.

До последни моменти, иако со нарушена здравствена состојба, знаеше да дојде на стадионот во Кратово, знаеше да го бодри својот Силекс. Знаеше да се пошегува со играчите, тренерите, но знаеше што треба да се направи за да клубот функционира. Клуб за кого сите велат дека е еден од нашите најстабилни клубови.

Ѕинго има голема заслуга и за развојот на мак – фудбалот. Од 1993 година па се до 1999, тој беше прв човек на тогашниот Фудбалски Сојуз на Македонија. Тој е еден од оние кои ги постави темелите на една модерна и успешна федерација, како што е сега ФФМ.

Ѕинго беше голем бизнисмен, успешен стопанственик, долги години во политиката во Македонија, од Кратово направи пристојно место за живеење.

А во спортот ќе се памети најмногу како човекот кој својот Силекс го направи клуб за почит.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата