Претседавачот со Советот на министри во Босна и Херцеговина и потпретседател на СДА, Денис Ѕвиздиќ, изјави дека не постои главен народ на Балканот.

Освен тоа, Ѕвиздиќ им порача на „Истокот и Западот“ да престанат да се мешаат во внатрешните работи на Босна и Херцеговина нагласувајќи дека не постои главен народ на Балканот.

„Не постои главна, ниту лидерска земја на Балканот. Тука постојат рамноправни и суверени држави и сите мораат меѓусебно да се почитуваат“, рече Ѕвиздиќ.

Тој додаде дека за неговата партија приоритети се ЕУ и НАТО, наведувајќи дека процесите во тој правец се движат во добра насока и порачувајќи им на младите дека ќе живеат во европска Босна.

извор: Makfax