x

Ѕверот Траоре порача: Ако Реал ме повика веднаш потпишувам

Фудбалерот на Вулверхемптон Адама Траоре призна дека има желба да се врати во Шпанија, а со задоволство би го облекол дресот на Реал Мадрид за инает на Барселона од каде што потекнва. Во сезоната 2013/14 одиграл само еден меч, а од таму заминал во Англија играјќи за Астон Вила и Мидлсбро, а сега е во сензацијата Вулверхемптон.

Ако ме повикаат од Реал Мадрид без размислување ќе прифатам. Имаше неспоразум со Барселона кога решив да го напуштам тој клуб. Знам дека тоа не беше најдобар начин да се разделиме, но таа приказна ќе ја сочувам за себе“, изјави Траоре кој е впечатлив по физичкиот изглед и големите мускули што повеќе наликува на кечер отколку на фудбалер.

Секако дека сакам да се вратам во Шпанија, но си ветив дека ќе бидат успешен и во Англија. Како тренирам? Не кревам тегови. Можеби не верувате, но ви ја кажувам вистината. Ваков сум генетски. Вежбам, но мускулната маса бргу ја накачувам“, додава фудбалерот на Вулвс.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата