Ѕвездите на Серија А зборуваат германски
Фудбалските ѕвезди од италијанската Серија А – Кака, Франческо Тоти, Лука Тони и Фабио Канаваро се главните херои во клипот на телевизијата Скај за претстојното Светско првенство во Германија. Во еден од нив капитенот на “азурите” Канаваро ја игра улогата на примерен студент, кој излегува од час по германски за странци. Тони пак се забавува во дискотека, но дамата што му го привлекува вниманието е здрава германска русокоса убавица. Двајцата се налеваат со пиво од трилитарски кригли и на крајот заедно заминуваат. Во друг спорт Тоти чита книга на кревет, кога ненадејно во собата влегува физиотерапевт. Тој го тера да тренира за да биде посилен и побрз. Епизодата со Кака пак ги пренесува емоциите во Бразил. Таму група деца шутираат топка и наеднаш го забележуваат својот идол, кој танцува на традиционална баварска музика, облечен од глава до петици во соодветна носија.