x

Ѕвездите на Барселона сакаат да ги води познато име, но со „тенко“ тренерско искуство

Кике Сетиен е пред отказ од Барселона, а се поизвесно е дека Каталонците во новата сезона ќе имаат нов предводник. Во меѓувреме се шпекулира со многу имиња, но сега се појавува едно кое е познато, но со „тенка“ тренерска кариера.

Станува збор за Патрик Клајверт кој досега нема тренерско искуство како прв тренер. Бил помошник Аз Алкмар, Нек Нијмеген, холандскиот национален тим и на Камерун, а бил и директор на ПСЖ.

Тој во моментов е директор на Академијата на Барселона. Играчите на Барса сакаат смената да се случи уште пред мечот со Наполи.

Клајверт инаку беше играч на Барселона од 1998 до 2004 година.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата