x

Ѓурѓевиќ за прва сезонска победа на Работнички (ВИДЕО)

fafafaf

Пред самиот старт на овогодинешниот шампионат во таборот на Работнички се плашеа дека истиот ќе го започнат без класичен напаѓач. Во последен момент беше доведен Фахрудин Ѓурѓевиќ, а екс македонскиот младински репрезентативец и интернационалец не само што се покажа како добро решение туку на вториот меч веќе почна директно да носи бодови со своите погодоци. Ѓурѓевиќ попладнево беше двоен стрелец во триумфот од 2:0 на Работнички над слабиот и денеска тим на Беласица, кој по две кола сеуште е без бодови, а со осум примени голови. Од друга страна, Работнички по несреќниот пораз во Ѓорче Петров во првото коло денеска покажа дека е и тоа како кадарен да одигра прволигашка средба на ниво и да освои планирани домашни бодови.

Работнички од самиот почеток на овој меч имаше иницијатива и вршеше притисок на последната линија на Беласица. Тоа вроди плод неколку пати кога гостите правеа грешки, Работнички имаше можност да реализира.

Зука шутираше силно но Силјановски одби, за да на одбиената топка налета играчот со исто презиме но во дресот на Работнички, кој бие силно но голманот на Беласица брани супер по втор пат.

Гостите имаа една единствена шанса преку контра нападот на Мирчевски кој додаде до Серафимовски кој се мислеше премногу и од добра позиција биеше само во блокот.

1:0 – Следуваше најдобриот потег во првото полувреме, кога еден од најдобрите млади играчи во нашата држава, капитенот на У19 репрезентацијата на Македонија, Димитар Тодоровски одигра одлично соло пробив додаде лево за Зука, овој уште подобро на петерец за новитетот во дресот на Работнички, Фахдурин Ѓурѓевиќ кој бие со лева и погодува во мрежата на Беласица.

2:0 – Второто  полувреме започна со удар на Ѓурѓевиќ од полудистанца но Силјановски сигурен на голот. По изведениот корнер од страна на Стојковски, Фахрудин Ѓурѓевиќ со глава на петерец постигнува ефектен гол за 2:0.

Во 58. Минута колосална шанса промашува Петар Петковски кој одлично проигран на петерец излезе сам но шутираше покрај гол. Ударите на Стојковски покрај и Шаркоски во голманот Силјановски беа само потврда на надмоќта на домашните во вториот дел, а немоќта на Беласица било што офанзивно да направи.

Работнички – Беласица 2:0 (1:0)

Арена Тодор Проески. Гледачи:/

Главен судија: Марјан Ецкоски (Охрид) Помошници: Злате Лозаноски, Борче Дрнкоски (Битола)

Стрелец: Ѓурѓевиќ 38‘, 50‘ (Р). Ж.картони: Каланоски, Сулев  (Б)

Играч на натпревар: Фахрудин Ѓурѓевиќ (Р)

Работнички: Јанков, Зука, Ѓорѓевиќ, Петковски (Тошевски 77‘), Тодоровски, Силјановски (Станковски 73‘), Пецов, Стојкоски (Шаркоски 66‘), Јевтоски, Трајковиќ, Ѓурѓевиќ (Максимов 66‘)

Беласица: Силјановски, Милушев, Тафа, Размоски (Ивановски 67‘), Истатов (Митев 46‘), Мирчевски, Митевски (Калпачки 54‘), Паноски, Каланоски (Радојчиќ 75‘), Серафимовски, Да Силва (Сулев 75‘)

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата