Екипата на ХЛА Аликанте, за која оваа сезона настапува и нашиот репрезентативец Стојан Ѓуроски, по неочекуваниот прв пораз во сезоната и тоа на домашен терен од Гранада, сега се рехабилитираше со победа на гостувањето кај Мурсија – 71:65.
Ѓуроски имаше одлично прво полувреме. Во 20 минути нашиот репрезентативец постигна седум поени. На крајот на мечот во Мурсија, високото крило заврши со ефект од 11 поени (1/5 за три, 3/5 за два, и 2/2 за еден поен). Додаде и четири скока, и по две асистенции, освоени и една загубена топка, за нецели 26. минути во игра.