x

Ѓуровски стана негативен па се врати на тренинг

0412-stojan-gjuroski-aplaudira

Стојан Ѓуроски повторно е во акција. Нашето репрезентативно крило ги надмина сите здравствени проблеми со кои се соочи во изминатиот период, и веќе се вклучи во тренажниот процес на една од најдобрите екипи во шпанската Втора лига.

„Добив негативен тест на последната медицинска проверка. Веќе почнав со тренинзи, и тоа е во овој момент најдобрата можна вест која можев да ја добијам. И претходно немав симптоми, но поради позитивниот тест морав да останам во изолација, и без тренинзи со екипата, но и оние предвидени настапи за нашиот национален тим во Талин, кои за жал, не ги одигравме“- констатира Ѓуроски.

Вели дека доволно одморил, а веќе овој викенд му следуваат и новите обврски со ХЛА Аликанте.

„Ни претстои важен и тежок натпревар, против екипата на Гранада. Тие се на втората позиција во нашата група, со една победа помалку во однос на нас. Натпреварот се игра во недела, значи ќе имам уште некој ден плус за подготовка. Ќе видиме како сето тоа ќе функционира. Најважно е да ја продолжиме серијата на победи кои и нè донесоа на првото место во групата“- посакува Ѓуроски, кој поради проблеми со продолжувањето на работната виза за Шпанија, не ги одигра претходните два натпревари за екипата од Аликанте.

Инаку, по шест кола неговиот тим е единствениот без пораз во ЛЕБ Оро лигата на Шпанија

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата