Шефот на српската канцеларија за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ изјави дека вчера албанските сепаратисти, како што ги нарече, се обиделе на брутален начин, со насилство и терор да го заземат северот на Косово.

Џуриќ кој прв пат се обрати до јавноста по апсењето, изјави дека е горд на српскиот народ кој се бранеше за време на настанот.

„Тоа за мене не се полицајци, туку е разулавена терористичка банда“, рече тој.

Џуриќ додаде дека припадниците на полицијата го влечеле како куче, го тегнеле за вратоврската по улица, обидувајќи се да го понижат.

„Се обидеа да ме понижат. Освен удари, набивање на главата на колениците и правење на селфија, се обидоа да ме заплашат, набивајќи ми калашников во стомакот. Еден од нив извлече и нож. На патот кон Приштина викаа „Алах акбар“, ракажа директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија.

Според неговите зборови кога го извадиле од транспортерот и го воделе низ улиците во Приштина, целта била да го стават во некој подрум.

„Да не беше еден повик од Белград, насилството во Митровица и теротот над Србите ќе продолжеше. Фала богу, заврши“, рече Ѓуриќ.

 

извор: Makfax