x

Ѓорѓиев полека се аклиматизира во својот нов клуб Инегол ББ

inegol-bb-gjorgjiev

Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Ѓорѓиев, кој пред неколку дена го прослави својот 32-ри роденден, веќе неколку дена е во својот нов клуб Инегол Беледијеспор со кој ги започна подготовките за новата сезона во Турција.

Ѓорѓиев ја очекува својата 16-та профи-сезона во европската одбојка, а Турција е негова позната дестинација, откако веќе имаше неколку одлични сезони во екипата на Мили Пјанго. Оваа сезона со Инегол Беледијеспор, нашиот репрезентативец ќе има голем предизвик да се фати во костец со најквалитетните одбојкарски состави во Турција.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата