x

Ѓорѓиев дебитира за Инегол ББ на 13 септември против Зираат Банкаши

nikola-gjorgjiev-inegol

Македонскиот одбојкарски репрезентативец и капитен, Никола Ѓорѓиев, своето првенствено деби за новиот клуб Инегол Беледијеспор ќе го има на 13 септември на средбата против моќната Зираат Банкаши.

Денеска со ждрепка беше одреден календарот за новата сезона во турскиот шампионат, кој и оваа сезона ќе биде еден од најквалитетните одбојкарски шампионати на Стариот континент. Жоржиев по една сезона мината во германски Фридрихсхафен реши да ја прифати понудата и да се пресели во дредот на Инегол Беледијеспор.

Нашиот капитен веќе е во Турција и ги започна подготовките за новата сезона со новиот клуб.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата