Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ го објави неговото обраќање за време на седницата на Советот на општина Кисела Вода во кое му се обраќа на градоначалникот Филип Темелковски.  

Имено, уште пред донесувањето на деталниот урбанистички план, едно лице било условувано за фирмата која ќе ја изведува зградата, доколку лицето сака да му биде одобрен планот за зграда со шест спрата и поткровје, вели Ѓорѓиевски по што му се обрати директно на градоначалникот Темелковски:

Дали е тоа кривично дело, Темелковски, дали тоа не е организиран криминал и градежа мафија во Кисела Вода, праша Ѓорѓиевски.

Целото видео Ѓорѓиевски го сподели на неговиот профил на Фејсбук.