x

Ѓорѓиевски прецизен пред репрезентативните дуели (видео)

kurle

Марко Ѓорѓиевски е стрелец за својот тим Раднички Пирот во последното одиграно коло викендов. Тој и неговиот соств на домашен терен одиграа 2:2 против тимот на Младост Шимановци во рамките од втората по ранг фудбалска лига на Србија, а нашиот младински репрезентативец го отвори резултатот рано во мечот по грешката на гостинската одбрана.

Ѓорѓиевски полека но сигурно влегува во голгетерска форма, што е добро да се знае, затоа што во последните два меча на Македонската репрезаентација до 21. година против Израел на гости односно Црна Гора на домашен нтерен потребни ни се максимален број на бодови за да го освоиме второто место во квалификациската група.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата