Изминатиов период зачестија шизматичните изјави на расколниците од ВМРО-ДПМНЕ и нивниот пастир Заев, а насочени во интерес на директен сепаратизам во редовите на нашата партија, стои во Фејсбук статусот на Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Во услови кога Зоран Заев е на прагот Македонија да ја погребе национално но и економски, важно е за него да има слаба опозиција. И токму од тие причини и за таа цел се сите овие шизофрени изјави и испади на поединци кои без функциите добиени од ВМРО-ДПМНЕ во минатото, дискутабилно е дали би биле поздравувани и од нивните соседи во маалата каде живеат, пишува тој.

– Нам ни треба силно и обединето ВМРО, затоа што само така ќе може да имаме и силна Македонија. Секој напад врз претседателот Мицкоски е директен напад врз ВМРО-ДПМНЕ, а со тоа и директно подривање на нашите обиди за заштита на државата, се вели во Фејсбук статусот.

Изминатиов период зачестија шизматичните изјави на расколниците од ВМРО-ДПМНЕ и нивниот пастир Заев, а насочени во…

Posted by Орце Ѓорѓиевски on Среда, 28 октомври 2020