Како денес пред точно 8 години се случи монструозното петкратно убиство кај Смилковско езеро какде животот го загубија 5 млади невини момчиња. Орце Ѓорѓиевски, член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на преку фејсбук статус порача дека нема да има ни правда ниту пак мир се додека убијците не ја добијат заслужената казна.

Поминаа 8 години од еден тажен Велики Четврток кој Македонија ја зави во црно.
12 април ќе боли секогаш и ќе нѐ потсетува на грозоморното убиство на нашите сограѓани.

Но ќе нѐ потсетува исто така и на големиот монструм кој си поигра со судбината на семејствата на Филип, Цветанчо, Александар, Кире и Борче. Заев е поголем монструм од убијците!

Ветуваше дека ќе се дознаела вистината за масакрот кај Смилковско езеро, а денес, после четири години, нема ниту еден осуден.

Лажеше за вмешани функционери од тогашната владт, а денес се правда како не поседува, ниту видел докази за такво нешто.

Се смееше, пиеше вино и си тераше седенки со Хашим Тачи, а еднаш не побара екстрадиција од Косово на убијците во бегство Демири и Дрпљанин.

,,Заев е поголем монструм од убијците”, се зборовите на родителите на жртвите кои ќе продожат да го сечат молкот на власта околу целиот случај.

Нема да има правда и нема да има мир се додека убијците не ја добијат заслужената казна.

Нема да има правда се додека не заминат во политичка историја , политичарите кои за ситни поени ја злоупотребуваа оваа трагедија, напиша Ѓорѓиевски на фејсбук.