ЃОРЃЕ ДАВИД БЕСЕН: Сплавовите и клубовите се преполни, а концерти на отворено не може

Ѓорѓе Давид им припаѓа на музичарите кои одржуваат свирки и концерти на отворено, па поради состојбата со вирусот Ковид 19, тој веќе долго време не може да настапи. Сепак, неговите колеги во моментов можат да пеат во клубови и други затворени простории со пропишаните мерки, што во голема мера го вознемири рокерот.
Тој се огласи на својот профил на Инстаграм и ги замоли властите да ја објаснат состојбата на неговите колеги.
– Во октомври ни беа откажани два настапи поради лошата епидемиолошка состојба! Сплавовите и клубовите се полни, а настапи на отворено, почитувајќи ги дадените услови, не може! Зошто нè навредувате и понижувате – напиша тој, не наведувајќи каде закажал настапи овој есец.
Сепак, олеснителна околност за рокерот е тоа што снимањето на „Ѕвездите на Гранд“ продолжи пред неколку недели и тој сè уште е член на жирито, па затоа не мора да се грижи за егзистенцијата затоа што ќе добие голем хонорар од Гранд продукција.