x

Ѓорѓески: Овој бод го посветувам на мојот починат татко

pres

Металург дојде до првиот бод во Европската лига, во третиот меч оваа сезона одигра без победник (33-33). Тимот од Автокоманда имаше шанса и за победа, но се чини долгата пауза поради карантинот беше пресудна.

Даниел Ѓорѓески заврши добра работа, имаше клучна одбрана кога беше најмногу потребно, зад неговото име запиша седум интеревенции. Голманот на Металург бодот го посвети на својот починат татко.

„Сакам да и честитам на противничката екипа за играта. Имавме еден добар натпревар, после сите карантини и загубени натпревари. Освоивме еден голем бод, овој бод е за мојот починат татко пред некое време“, рече голманот на Металург.

Тренерот Оливер Димитриоски е реален, неговиот тим имаше шанса, но можеше да остане и со празни раце, затоа треба да бидат горди.

„Бод е бод, можеше да се случи буквално се, ама мора да бидеме задоволни. Она што ме прави горд е што играчите го одржаа ветувањето, дадоа се од себе. По тој долг карантин и врзани натпревари, овој меч ни беше додатно оптеретување. Имавме осцилации од играта, успеавме да се вратиме од негатива и ако говорам реално задоволен сум од постигнатото“.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата