Ѓорческа беше рангирана како осма носителка и на стартот претрпе пораз од Катинка Фон Дајхман од Лихтенштајн, која е  258 тенисерка на ВТА листата. Таа загуби со 6:3, 6:3 во мечот кој траеше еден час и 22 минути.

Ова за Лина е втор пораз од Фон Дајхман во вториот меѓусебен дуел, откако првиот го имаше лани во осминафиналето во Софија, турнир кој се игра на земјена подлога.