x

Ѓорческа победи во 1. коло на ИТФ Челинџерот во Москва

Нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа со победа гоз апочна настапот на ИТФ Челинџерот во Москва кој се игра за награден фонд од 25.000 американски долари.

Во стартното коло, Ѓорческа имаше убедлив настап против Русинката Тихонова (679 ВТА) победувајќи ја во два сета со 6:2, 6:3.

Во осминафиналето закажано за утре, Ѓорческа ќе го чека подобриот од дуелот меѓу Белорусинките Ана Хубарева и Наталија Хатука. И двете имаат послаб ВТА рејтинг од нашата најдобра тенисерка.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата