Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Бугарија во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ зборуваше за целата ситуација на Република Македонија со Бугарија и посочи дека пред македонските граѓани треба јасно да биде претставена до каде е соработката, на што се темели и на кои нивоа се потпишани тие договори за да може да ја однесат државата до посакувата цел, а тоа е членство во ЕУ.

„Прашањето на соработката  и добрите односи на Бугарија и нашата македонска држава мора да бидат јасно претставени пред македонските граѓани, до каде е таа соработка, на што се темели, на кои договори, на кои нивоа тие договори се потпишани и кои се геополитичките правци кои треба да не однесат кон саканата цел, членство во ЕУ. Токму затоа треба да се говори отворено, да се каже кои се македонските позиции затоа што отсуството на таква јасна презентација  на макдоснките позиции доведува до многу нејаснотии кај македонските граѓани и немање претстава всушност за што се работи кога е во прашање македоснко-бугарскиот однос кој што е многу комплексен. Тоа е прашање кое задира во сржта на основните клучни проблеми на една држава, тоа се национаниот идентитет, јазикот, историските традиции, религиозните традиции, рече Ѓорчев.