x

Ѓоровиќ посакува: Противниците да почнат да нè респектираат

mkd-zeni-kosarka

Македонската женска кошаркарска репрезентација денеска (15:30 часот) во Рига продолжува со битката за место на 2021 година. Нашите двојки имаат два порази во исто толку одиграни натпревари, се наоѓаат на последното место на табелата во групата И.

Кога станува збор за женскиот кошаркарски тим, Македонија секогаш ја има аутсајдерската улога, но приклучувањето на Американката Девана Бонер и капитенот Анџелика Митрашиновиќ, треба да не направат подобри.

„Очекувањата, подобро кажано нашата цел е да бидеме многу, многу подобри отколку во првиот ФИБА ‘прозорец’. Противниците да почнат да нè респектираат. Да бидеме што е можно подолго ‘внатре’, во натпреварот, без празни минути. Да отскокне некој од младите играчи и над сè, да го зајакнеме и да го правиме култот на национален тим“, изјави Ѓоровиќ.

За првиот противник на турнирот во Рига, Ѓоровиќ вели:

„Репрезентација на Хрватска е една одлична репрезентација, со главна цел, играње на Еропското Првенство. Предводена од искусен стручњак Стипе Бралиќ, кој во 2012 година ја однесе Хрватска на Олимпијадата во Лондон. Хрватска е лидер во групата и најголем фаворит. Имаат  две победи во првиот ‘прозорец’ со многу битен ‘брејк’ со Летонија на гостински терен. Екипа која игра многу брзо во двете фази. Одлична во транзиција, одлична внатрешна игра која им отвора добар шут за три поени. Екипа која е доста агресивна во одбрана, со постојан притисок на топка и прво додавање. Екипа која е спој на искуството и младоста.

Од играчите се издвојува Дојкиќ, плејмејкер на евролигашот  УСК Прага. Таа е лидер и мотор на екипата. Перица е искусен играч на позиции ‘2’ и ‘3’, со многу добар шут за три поени. Тиквиќ и Бегиќ ги покриваат центарските позиции и двете настапуваат во италијанското првенство. Не знаеме кој ќе игра во Рига, но во секој случај тоа е исклучително квалитетен состав, фаворит за првото место во групата“, додава предводникот. 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата