Ова е вкупно петта титула за србинот на овој турнир со што стана единствениот тенисер кој пет пати го подигнал пеехарот на овој турнир, а воедно се изедначи со рекордот на Рафаел Надал по најмногу освоени мастерс титули, двајцата имаат по 27.

Викторија Азаренка е новиот шампион на Индијан Велс во женска конкуренција, откако белоруската тенисерка во големото финале ја совлада фаворизираната Серена Вилијамс со 6:4, 6:4. Вилијамс, која се врати на овој турнир по пауза од 14 години, се надеваше дека ќе стигне до третиот трофеј

во Индијан Велс, но потфрли од почеток до крај и сосема заслужено капитулираше пред противничката која се покажа во дадалеку подобро светло.

Ова е втор трофеј за Викторија Азаренка во Индијан велс, по оној во 2012 година, со што Белорусинката повторно се врати во Топ 10 на ВТА-листата.