x

Ѓоковиќ, сепак, нема да игра на Мастерсот во Париз

djokovic-e1602269130326

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ нема да игра на Мастерсот во Париз. Србинот потврди дека нема да ја брани титулата на последниот Мастерс во сезоната.

Минатата година тој триумфираше во Париз со победа над Денис Шаповалов во финалето.

Вториот тенисер во светот, Рафаел Надал, во вторникот потврди дека ќе игра во Париз. Првото место на Новак на АТП не е загрозено и на 8 март 2021 година тој ќе стане тенисер со најмногу недели поминати на врвот на АТП-листата.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата