x

Ѓоковиќ откри кој два меча му се најдраги во кариерата

Светскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ во разговор за „Скај спортс“ откри дека во изолација секојдневно тренира за спремен да го дочека продолжението на сезоната. Истовремено Ѓоковиќ раскажа кои два тениски меча му се најдраги во кариерата.

Два меча ми се најдраги во кариерата. Првиот е дуелот со Роџер Федерер во финалето на  Вимблдон минатата година, а првиот пресметката со Рафаел Надал во Австралија во 2012 година. Тоа се посебни натпревари затоа што се случија многу интересни работи. Роџер одигра одлично, а мечот беше прекрасен од првиот до последниот поен. Јас одлично ги одиграв сите важни поени, не промашив топка во тај-брејкот. Мислам дека првпат во животот ми се случи тоа. Вакви натпревари играше еднаш или двапати во кариерата“, вели Новак.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата