Австралискиот тенисер Сем Грот, посвети цела колумна на критики кон првиот светски тенисер Новак Ѓоковиќ.

Австралискиот репрезентативец жестоко го нападна српскиот тенисер, иако претходно имаше убави зборови за Новак.

Се чини дека се започна неодамна, откако Ѓоковиќ, како претседател на тенискиот совет, предложи распределба на пари на пониско рангирани тенисери кога Грот се спротивстави.

– Новак Ѓоковиќ мора да си замине. Неговата позиција како претседател на Советот на играчи е смешна. Тој мора да си даде оставка. Дали сакате таа личност да ве води? Што помисли тој? Кој по ѓаволите го советува, започна Грот.

Австралиецот смета дека Новак „сторил се за да ја загрози можноста за враќање на тенисот заради организирање на Адриа турнејата.

– Додека играчите и службениците ширум светот прават се што е во нивна моќ да го вратат нашиот спорт и да трчаат среде глобална пандемија, светскиот рекет број еден бележи играње, дружење и гушкање на луѓе и со тоа директно ги крши сите светски здравствени упатства, изјави Грот

Според Грот тоа не е лидерство.

Тој го смета Новак за одговорен за сите позитивни тестови на Ковид-19 на турнејата Адрија.

– Тој е одговорен. Бројни луѓе тестираа позитивно како резултат на неговиот настан. Не ме интересира дали тој се извини или донираше пари во болниците. Јасно е дека не било земено предвид здравјето на луѓето. Тој мораше да даде пример, и сè што направи сè уште има последици, вели Австралиецот.