Најдобриот тенисер во светот во 3. коло на турнирот во Лондон беше елиминиран од страна на Американецот Сме Квери.

-Не загубив заради повреда или физички проблеми, туку заради приватни проблеми кои ме мачеа во тоа време, изјави Новак во интервјуто за британскиот “Тајмс”, а на прашањето дали може да објасни за што се работи одговори:

-Не е вистински момент за разговор за тоа. Но, тоа е решено и животот оди понатаму.

Со оглед на тоа што испадна уште во првото коло на олимпискиот турнир во Рио, а на големите турнири во Синсинати и Торонто воопшто не настапи. Неговите проблеми се уште не се решени, но сега се работи за физички, проблем со зглобот.

-Давам се од себе да бидам максимално подготвен., барем за почетокот на САД Опен, порача 12 – от грен слем шампион, кој е главен фаворит за турнирот во Њујорк.