Светскиот тениски рект број еден Србинот Новак Ѓоковиќ, доби мнова титула, овој пат надвор од теренот. Тој е избран за нов претседател на светската организација на тенисерите АТП. Оваа информација на својот официјален профил на социјалната мрежа ја потврдија челниците на АТП, додека функцијата потпреседател ќе ја обавува Јужноафриканецот Кевин Андерсон. Со оваа функција Новак, освен што ќе има обврска на теренот, ќе има има и обврски и надвор од теренот, што значи дека ќе им биде шеф на преостантите професионални тенисери.

Српскиот тенисер е во центарот на вниманието и поради стартот на последниот грен слем турнир (од денеска) во Њујорк, каде е најголем фаворит за освојување на титулата иако не се прослави премногу на претходните турнири. На Вимблдон беше елиминиран во третот коло од Американецот Сем Квери, а на олимпискиот турнир уште во првот коло загуби од Аргентинецот Хуан Мартин дел Потро. Заради овие порази го откажа настапот на мастерсите во Синсинати и Торонто, а непосредно пред стартот на САД Опен во интервју за британскиот „Тајмс” ја откри причната за неговата рана елиминација од турнирот во Лондон.

-Не загубив заради повреда или физички проблеми, туку заради приватни проблеми кои ме мачеа во тоа време, изјави Новак во интервјуто за британскиот “Тајмс”, а на прашањето дали може да објасни за што се работи одговори:

-Не е вистински момент за разговор за тоа. Но, тоа е решено и животот оди понатаму.
Но, тој се соочи со проблеми и пред стартот на турнирот во Њујорк, станува збор за мала повреда на зглобот.

-Давам се од себе да бидам максимално подготвен, барем за почетокот на САД Опен, порача 12 – от грен слем шампион, кој е главен фаворит за турнирот во Њујорк.

На овој турнир нема да настапи Швајцарецот Роже Федерер, а најголеми конкуренти за титулата ќе му бидат Британецот Енди Мареј и Шпанецор Рафаел Надал, кои се закитија со златен медал на ОИ, првиот во сингла, а вториот во довоји со оснародникот Марк Лопез.